Transcript
Добар ден професоре.
Овде сме заедно со професор Трајче Грујоски.
На почеток да ви се заблагодарам што ја прифативте поканата за ова интервју
и да бидете дел од овај проект „Лица на отпорот“.
За почеток би ве замолил да ни се претставите. Вашето име и презиме, место и датум на раѓање.
Добро. Јас сум Трајче Грујоски.
Имам завршено Правно економски факултет во Скопје на Универзитетот „Кирил и Методиј“.
Сум држел предавања како професор на Економскиот факултет
и на Факултетот за безбедност во Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје,
а и на Универзитетот во Битола
„Климент Охридски“ по предметот Политички систем.
Кога сте роден, да ми кажете? Датум на раѓање?
Роден сум на 19 Август 1921 година во село Раково, општина Лерин, Грција.
Друго?
Во ред е.
Семејство треба?
Ако сакате спомнете ги. За семејството, вашиот работен век.
Женет сум. Имам син и ќерка. Од нив имам внучиња 4 и 6 превнучиња.
Сопругата ми е почината пред 4 години. Таа беше учителка. Родена во Штип.
Инаку нашето семејство живееше во Битола, Скопје и во Белград. Заради моите функции после ослободувањето.
Бев цело време вработен во политички функции.
Прво во претседателството на владата на Народна Република Македонија.
Која година беше тоа?
Тоа е четириесет и ... чекај сега, која година беше победата?
45-та.
Значи, јас бев 46-та година - на таја функција.
Бев началник на Одделението за изградба на народната власт.
После тоа преидов во политичките функции.
Се вратив во Битола. Бев претседател на Општинскиот одбор, па на Околискиот одбор.
Тогаш имаше само 7 околии во цела Македонија.
Една од нив беше Битолската. Јас бев претседателот на Собранието на Битолската околија.
После тоа станав член на Извршниот совет на Република Македонија. Тоа беше Влада на Република Македонија.
Таму работев 3 -4 години и конечно завршив таму како потпретседател.
Повеќе години бев на таја служба. И оттука бев едно време и член на Сојузниот извршен совет.
Тогаш бев задолжен како секретар,
ние министрите не ги викавме министри, секретари беа сите... секретар за законодавство, јас бев.
Претседател на Сојузниот извршен совет беше Петар Стамболиќ.
Конечно кога заврши мојот мандат тамо,
ми нудеа други места, ама јас реков ќе си одам во Македонија.
И станав судија на Уставниот суд на Македонија.
Тоа се заврши.
И толку.
Се пензиониравте која година? 80-ти некаде?
80-ти, да.
Ајде да се вратиме малце на 40-тите и на тој период.
Да?
Кажете ми кој и на кој начин влијаеше на формирање на вашите ставови за антифашистичкиот отпор?
Јас право да ви кажам, кога размислувам за тоа, и самиот се чудам како стана тоа.
бидејќи јас бев од оние млади луѓе кои не се занимаваа со политика.
Мене ми беше основно книгата и учењето.
Завршив со одличен успех средно образование и послем се разви филмот натака.
Меѓутоа, тогаш беше времето такво.
дојде еден вал, во кој и обичниот граѓанин се радуваше ако чуеше некој збор: демократија, правда и такви зборови.
Че одев на филмот, а многу сум љубител на филмот, во киното. Цела сала полна е.
Го гледаме „Животот на Емил Зола“, филмуван со Ентони Квин (мисли на Пол Муни) - главниот глумец,
и тој во тие дијалози и такви работи ќе спомни „правда“, зборот ќе го спомни.
Цела сала ќе станат на нозе луѓето, ќе урлаат:„Правда! Правда! Правда!“.
Тоа е едно. Во школата кај шо учев, средна школа, имаше деца од сите краишта на Југославија.
Посебно, имаше, Босанец еден, кој си уврти во главата дека е пратеник и ќе се качи на катедрата че ни држи говор. На сите.
Тоа беше, влијанието такво. И тој ќе употребува „правда“ и шо знам јас.
И конечно,
имавме во училиштето литерарна дружина „Иван Гундулич“, се викаше.
Таму се држеа реферати, состави литературни, а и политички дискусии, кавги големи, политички, како шо е сега.
И таму почнав веќе да се определувам.
Тогаш беше, пресно да речиме, создавањето на Советската република.
17-та година. И ние сме... јас завршив 40-та година.
Тоа е 20 и некоја година.
И во политичката ситуација во светот најактуелна беше Шпанија.
Во Шпанија имаше војна граѓанска, во која учествуваше една меѓународна бригада.
Тие беа сите комунисти, ама од цел свет. Отишле и се бореа убо.
И сето тоа влијаеше на младите луѓе. Сите млади луѓе во Битола постојано зборуваа за тија настани.
Така ме фати да го речам тој ветерот на антифашизмот.
Италија имаше војна во Абисинија. Во Африка.
А весниците во Кралството Југославија беа интересни по објективното пишување.
За таа војната и едната и другата и Шпанската и таа Абисинската,
весниците така убо пишуваа шо јас
просто чувствував оти сум тамо. И јас учествувам, во тие тепачки, во тие мачнини
весниците така убо пишуваа шо јас
просто чувствував оти сум тамо. И јас учествувам, во тие тепачки, во тие мачнини
теговни работи на народот и така натака.
И така,
напрајвме во школото, сами ние учениците, една група,
која немаше врска со организацијата, ама самостојно
имаше своја дисциплина, се собиравме еднаш неделано. Дискутиравме за такви актуелни политички теми и така натака.
И кога се среди состојбата во партијата во Битола,
ме поканија и одма прифатив да станам член.
Тоа беше времето на Стив Наумов (народен херој на Југославија).
Стив Наумов беше студент на Белградскиот универзитет.
- Тоа е 1941-ва, така? Така.
И, јас се знам со него бидејќи и тој е од селата од Егејскиот дел на Македонија.
Неговото село и моето се блиски.
Дури измисливме и двајцата оти сме и роднини.
И ко ќе го видев натажен ќе му речев: „Не тагувај,
оти ние егејските Македонци ќе ја препородиме Македонија.“
Тој ќе почнеше да се смеј, а се смееше од срце.
Имаше еден заразен смев,. Уште поќе ме поврза.
Секој ден бев со него.
И така ме направи член на Комунистичката партија.
После тоа почна да се одвива филмот...
Јас станав член на месниот комитет на СКОЈ.
Тој месен комитет го водеше Деса Миљовска,
на ... речи го ... Кирил Миљовски, сопруга, во Битола.
И така го активиравме меснио комитет, а јас одговарав за СКОЈ-от во школите.
Во Битола тогаш имаше 5 средни училишта. Во секое училиште напрајвме скоевска организација, во Битола.
Тоа се прослави и почна да се кажува како пример и шо знам јас.
И така ми растеше и
егото, чоечко, а и се отворија нови видици во организацијата.
При една од провалите во Битолската организација,
тоа беше во 41-ва година некаде ... 1-ва беше,
стана провала во организацијата, во партијата.
И, направија апсење Бугарите.
Јас се возбудив кога чув дека го уапсиле еден мој другар,
Андон Поп Андонов се викаше, а со него од дечиња, цело време бев заедно, заедно влеговме во партија и така натаму.
И од работното место кај шо бев станав и реков: „Морам да излезам.“
И отидов на улица, на улица, на групата... на чошот на една улица,
таа е главната улица кај киното...
еден го викавме ... (неразбирливо) ... битолчанец, со неколку полицајци.
Тој ги прокажуваше комунистите, и полицајците одма ги апсеа.
Јас поминав и тој мавна со главата. И не ојдов ни 20 метар потаму, полицаецот трча по мене.
„Е, шо е?“ „Дојди с`с мене.“
„Шо мора да идам сега ја? Си имам работа. Не идам.“
Ме фати за рамења, ме истурка, ме донесе таму на ќошот кај шо беа тие собрани
и тие пак со ишарет, потврдија оти сум тој, шо ме кажале
и право визба во Обласното полициско управление, во Битола.
Коа влегов внатре гледам едно дестина души како мене донесени
комунисти, скоевци и така натаму. Сите стоиме и гледаме во ѕидот. Таква е наредбата.
И еден по еден не викаат на саслушање. Дојде редот за мене да ме сослушаат.
И ме викат таму.
„Кажи кога стана комунист?“
Па јас викам: „Кој ви кажа вам оти сум комунист? Јас сум само ученик.“
„Не, знајме ние се! Сичко знаеме!“
„Е добро,“ – викам сега, „ако ме донесовте овде кажете шо треба да праам?“
„Е, ќе ни кажиш, дали комунизмот ќе победи?“
Јас му викам: „Колку учам во школото, учиме во политичка економија и во некој други предмети,
сегдека се зборува дека комунизмот нема да победи.
А ... како мисли народот, тоа не знам. Јас сум само ученик.“
Носи еден лист хартија и вика: „Ајде пишувај сега тука. Сичко шо знаеш.“
Јас одма оценив оти тој неќи да ме праша
кој во организацијата е со СКОЈ-от или партијата или кој се тие битолски комунисти.
Не ме праша тоа. Не одговорив ништо.
И одма му наредив тоа, оти во политичка економија предметот од кој имам 5-ка од професорот,
пиши вака и вака.
И незнам шо, такви некој работи. Ништо нема.
Дали тоа беше намерно, заради некоја интервенција, не знам.
Али, мајка ми, селанка обична,
а јас сум едино 5-то дете. 4 умреле пред мене.
И не знам шо напрај, по цел свет за да ме задржи жив.
И името ми го даде да трајам.
И претпоставувам, после ја прашував, неќеше отворено да ми кажи ама
„Е добро де, добро, така нешто“, сфатив оти таа интервенирала.
. Во полиција, сегдека, „Детето да ми го пуштите, незнам шо и...“
И така поминав релативно добро бидејќи не ме тепаја.
Не бев тепан ич.
Тоа шо го напишав не беше ништо. Ме држеа еден ден, во визбата.
Бевме заедно со други некои,
познати комунисти, и ме пуштија. И другите ги пуштија.
Од сите шо ги фатија само 4-ца испратија во концентрациони логор во Бугарија.
Другите сите ги пуштија.
Тогаш беа уште пресни и неќеа да кажат оти се...
груби од
незгодни, шо знам јас.
Значи тоа судење ... тоа затворање, апсење беше кусо и така заврши.
После тоа , јас реков уште еднаш во затвор нема да паднам.
И во судниот ден бев избеган од дома.
Не спиев дома. Неколку дни. Оти претпоставував оти ќе дојдат.
Отткако излеговте од затвор тој период... Да де тој период, после неколку месеци
А така...
Претпоставував оти ќе дојдат. И, надвор спиев.
А куќата ми беше широко поле, на преиферијата на градот.
Луѓето ништо не знаеја за комунизам и такви работи.
Не бев компромитиран значи. И кога слушам веќе, кучето мое дома лае, корни.
Имав големо куче.
Кога утврдив дека кај мене има дома гужва и веќе тогаш реков: „А, ова е за мене.“
Знаев оти се дојдени по мене. И...
Кој беа? Полицијата, така?
Да.
Да. Тоа беше летото. На крајот на летото.
42-ра?
41-ва година.
Дали беше август или септември, така стасав во партизанскиот одред.
И од тогаш натаму повеќе не ме фатија, не ме тепаја, не ме присилуваја, не ме мачеа.
Куртулив од нив.
- Уште еднаш, ова е 42-ра зборуваме сега? Така? Во партизани заминавте 42-ра. - Да, тачно.
1942-ра, во кој одред вие бевте?
Во 42-ра година дојдов во партизани во „Јане Сандански“.
Како стапивте во контакт со ... како изгледаше тоа ... станувањето партизан?
Таму имав врска во градот.
Месниот комитет има направено канал и ко ќе треба човекот оди со пратња,
го носат до одредот. Така ме однесоја и мене.
Одредот кај беше?
Одредот беше... над село Лавци.
Во планината Пелистер.
Јас мислев кузнај каков некој голем одред че најдам, организација ваква-таква.
Ништо. Ко гледам, повеќето беа ученици од гимназијата и некој средни школи.
Имаше некои интелектуалци. И тоа беше целиот партизански одред.
А учевме сите оти без работничка класа нема револуција.
И, овај, интелектуалците, и селаните, занаетчиите, ситно-сопствениците,
тие се ситно-сопственици и неможат да прават револуција.
И да кажам одма една случка во Битола.
Пред да дојдат Бугарите, уште во Кралството Југославија.
Стив ме пушти да бидам инструктор во една занаетчиска-партиска организација.
Инструктор, тоа значи ќе одам јас на нивните состаноци и ќе помагам да го разберат партискиот гласник.
Се викаше „Пролетер“.
Е, добро, и читав тамо написите, толкував, праевме дискусии и така натаму, и така натаму.
И сега дојде ревизија на партиската организација на Битола, член на ЦК на Југославија.
Доаѓа на состанок на нашата партиска организација.
И почнува: „Ти, шта си?“; „Па работник.“;
„Ти, шта си?“, и така помина сите до еден до мене.
„Јас“, му викам „сум студент.“; И како да го боцнав одзади, рипна како шо седеше и врисна: „Шта тражиш ти ту?“
и сеа се збунив. „Па како шта тражим? Дојдов на састанак.
Пратен сум на састанак.“
„Ма шта тражиш ти ту? Како смејш ти ту да присуствујеш? Ти се интелектуалац за тебе нема места овде“
„Нема места за мене оти сум интелектуалец, замисли?“
Еден догматски став, а тој интелектуалец е и член на ЦК на Југославија.
„А“, реков „нема кавга да правам, ќе одам кај Стив.“
Одам, му кажувам него, тој почна да се смеј:
„Е, такви сме, шо да прајме, такви се тие.“
Е, добро, тоа се сврши, али да видиш, тој догматски став каков беше во партијата тогаш.
Работничка класа, таја само можи револуција да напрај
И кога дојдов ја во партизанскиот одред, нема ниеден работник.
„Леле“, реков „сега, каде е тој да го видам нек ... како ќе прај револуција кога нема работник во одредот?“
И така помина таја епизода.
Јас станав во одредот одма ... ме набутаја во штабот на одредот.
И бидејќи се беше пополнето ... заменик на комесарот за исхрана. Демек јас ќе го ранам одредот.
Добро, живеевме што живеевме, се трчкавме лево-десно праевме некој комбинации.
После тоа, се мена одредот, се менаја работите и раководството.
Јас добив други функции.
Она што можев да најдам нешто и да прочитам, 1941-ва и 42-ра биле многу тешки за партизаните.
Беа.
Како издржавте, она, што ве мотивираше во некој такви тешки услови? Особено вашиот одред имаше и доста борби, ако добро знам.
Да. Имаше борби, али бегавме. Па, при се припука, бегање му е мајката.
И така останавме здрави, читави.
Али, во права смисла на војна,
јас кога земев да си анализирам, бев незадоволен.
Затоа што, немаше војна.
И кога дискутирав таму,
се разбира не ја отварав, овај, темата и моето мислење, бидејќи незнам шо ќе биди, како ќе го сватат тоа.
Некако работите после тоа тргнаа.
Трнаја во смисла дека, одредот реално се постави,
си набележа задача, да го воспитува народот.
Ја зеде таја функција, на воспитувач на народот.
Влегува одредот во селото, прај собор со селаните,
им ја објаснува ситуацијата, им кажува политика, ваму-таму...
Тие ќе се сложат. Се разбира.
Некој од страв, некој од определеност и така натаму. Идејна определба.
И таја функција добро одеше.
Доволно беше да се зборува за партизани.
Оти: „Има партизани“; „Дојдоа партизани“; „Ги видовме партизаните“.
Тие се вакви, такви. Оти пропагандата званична вели дека: „Партизаните се Срби“;
„Партизаните сакат да ја вратат Србија“; „Тие се шулкари“; „Тие не се добри домаќини“;
„Тие се коцкаат со животите на вас, селаните“ и така натаму.
Една силна пропаганда, а вака ко ќе видеа со свои очи дека е сосема друго тоа,
сепак ги менуваа своите погледи и се ширеше вистината.
Така, тој одред, помина голем пат.
Прво доби задача да оди во Мориово.
Во мориовските села ... (кашла) ... да ги преобрати луѓето таму.
Каде? Во?
Морихово.
Каде е тоа?
- Мориово, меѓу Прилеп и Битола. - А, Мариово. Аха, добро. - А вие го велите со а.
Каде е тоа?
- Мориово, меѓу Прилеп и Битола. - А, Мариово. Аха, добро. - А вие го велите со а.
Мариово значи.
И наводно, ќе добиеме и Прилепски партизански одред
и двата одреди ќе направат тамо слободна територија.
И наводно, ќе добиеме и Прилепски партизански одред
и двата одреди ќе направат тамо слободна територија.
Слободна територија е нешто како држава, полудржава.
Команда прат партизаните, а не власта.
Тоа е далеку. 30-тина километри.
И тешко можи да се дојди тогаш, ни патишта немаше многу.
И затоа рекол, решил некој штаб, оти таму ќе биде слободна територија.
Ние се организиравме да одиме таму.
Уговорена е јавка, уговорен е денот кога ќе дојдат прилепчаните и после натаму заедно ќе ја комбинират ...
Поминавме низ повеќе села во Леринско,
али сегде ни беше забрането да прајме митинзи и да не види народ.
Грчката комунистичка партија имаше забрана.
Велеше „Несмејте да правите никаква акција на наша територија,
оти ако направите Германците ќе ни го изгорат селото.“
И ние мора да го почитуваме тој нивни став.
Ќе поминевме низ селото, ќе одевме во другото и така
од другата страна границата ја минавме преку реката, Елешка се вика.
И во одредот имавме еден, се викаше Анестиј
И сега, дојдовме до реката. Ноќе. Има голема вода, се гледа.можи да падниш и да се удавиш.
Моравме да се слечиме по гаќи, да ја газиме водата.
И тој вика: „Кога бев дете Србите ми се фалеа:
„Газили смо Црну Реку до пупка.“
Сега ко ќе се вратам јас во Битола ќе кажувам оти и ние ја газевме река Елешка, али изнад пупка, до грла.
„Газили смо Црну Реку до пупка.“
Сега ко ќе се вратам јас во Битола ќе кажувам оти и ние ја газевме река Елешка, али изнад пупка, до грла.
Демек, ние сме поќе од нив.
Сега ко ќе се вратам јас во Битола ќе кажувам оти и ние ја газевме река Елешка, али изнад пупка, до грла.
Демек, ние сме поќе од нив.
И така поминавме низ тие села, дојдовме на Кајмакчалан (планина во Македонија на граница со Грција).
- Ги знајш планините? - Да
Дојдовме на Кајмакчалан, од југословенска страна.
И сега, фати дење, сето ова што се случува ноќе. А тамо не фати ден. Првпат ден, гледаме сонце такви работи.
И, некој виде на едно дрво, дренки. Дрвото дрен било.
А беше есен, лисјата испаднати, али плодот останал на дрвото.
И ко го видовме, сите ги отворивме очите. Оти гладни, ништо не сме јале.
Барем со тој придонес, нешто напрајвме. Овај, со гладот шо се вика.
Јас тогаш си ја јадев душата, зошто бев заменик на комесарот за исхрана,
а во моето комесарување,
кога поднесував извештај, кажав оти
за незнам колку месеци, за два, или за три месеци, одредот изел 17-ет кила буковска пипер.
Бидејќи тоа беше најевтино и така, тоа сме го јаделе.
Ко ќе стасавме во некое лозје, кај шо има грозје и нива, кај шо има компир,
вадиме, земаме од тие компирите, оставаме пари на нивата. Ко ќе дој домаќино да види оти платено му е.
Демек не сме арамии.
Тоа беа некој детски работи ама и тоа беше.
И сеа коа ги видовме тие дренките, одма сите ги оџагарија очите.
Го нападнавме дрвото, ги собравме тие дренките, ги изедовме.
И сеа коа ги видовме тие дренките, одма сите ги оџагарија очите.
Го нападнавме дрвото, ги собравме тие дренките, ги изедовме.
Не помина еден саат, сите не фати пролив. Пролив!
Пролив! Цел одред го гледаш, сите таму по џбуновите и така натаму.
И, дојдовме во село Манастир.
Тамо имаше некој манастир и затоа се викаше селото Манастир.
Манастирот го одржаваше еден руски емигрант.
Кога виде партизани тој Русинот,
се исплаши и почна да прај храна, како шо треба, како за гости.
И ние се изгоштевавме таму. Три дена бевме, ама му изедовме све
Одред од Прилеп не дојде.
Дојде извештај дека одредот е ликвидиран на планината Мукос.
Тој е првиот Прилепски одред што беше ликвидиран. И да не чекаме никаков одред.
Се собираме во штабот: „Што прајме сега?“ Шо ќе прајме? Врски нема никакви. То е пустелија, Мариово.
Храна нема, како прво. Се враќаме назад, рековме.
Од тамо, право во Новаци на мостот. Да ја миниме Црна, затоа што таа преголема, не можи пеш да ја газиш.
И поминавме преку мостот. Ноќе беше. Немаше, никој не нè виде, само сретнавме двајца бугарски војници.
Тие, ојде комесарот, а комесар беше Јосиф Јосифовски.
И тој оди и прашува: „да не видовте шумкари, вие, овдека?“ „Е, не видовме.“
„Оти ние ги бараме нив, ако ги видовте.“ „Не видовме.“ „Добро.“
Значи, ако кажи таму, да кажи оти шумкари бараме.
Тој кизна шо кажа, ние си ојдовме од таму. Поминавме главно на мостот. Ја поминавме Црна Река.
Дојдовме во битолскиот дел на полето и се разделивме во групи.
Нема одред, има групи.
Една група ќе оди во тоа село, друга во другото и така натаму. Да презими одредот.
Ова беше 1942-ра кон 43-та? Значи таја зима, така?
- Точно. - До кога останавте во партизани?
Ова беше 1942-ра кон 43-та? Значи таја зима, така?
- Точно. - До кога останавте во партизани?
Јас останав до 43-та. Негде крајот беше.
Али вака ја минав цела таја временска отсечка.
Одредот се раздели прво тука.
Групите си отидоа секој на своето место,
и нема поќе партизански одред. Нема ... све је илегално, све је тишина.
Тоа беа оние села околу Бистрица, ако знајш каде е.
Тие беа убави села, добар народ, свесни, патриоти и поминавме.
Тие месеци зимските. Во пролетта, пак се собравме групите.
Оти го поминавме еден голем терен. Јас на пример, не бев само во едно село.
Јас отидов пак во егејскиот дел на Македонија.
Имам тамо стрико во Големо ... Горно Клештина, се вика, Горно Клештина. Има и Долно Клештина.
Стрико на татко ми братучед.
Му се претставуавм него, јас сум тој и тој, внук ти. „А, сум чул! Добро дојде. Знам, знам за тебе, јас, знам.“
Ништо, поќе не муабетивме.
Поседов таму две недели. И после тоа дојде абер да се вратам назад пак.
Оти дојде одредот, се собрал, групите се собрале и направиле едно пукање.
Ја нападнале железничката станица кај селото Српци.
Планот бил, демек, ќе ја растуриме железничката станица, ќе запри возот, ќе биди штета, пругата ќе ја оштетиме и така натаму.
И, дење одат. Возот доаѓа негде кај 5 сатот попладне.
Дошол возот, ама и таму имало бугарски војници.
Ко излегле тие бугарските војници, и тука настанало пукање. Пукат тие, пукат нашите.
Значи, се оствари желбата, одредот да биди единица која пука.
И, пукање, пукање. Не погина никој, ни од нас ни од Бугарите.
Главно цела бугарска полиција на нозе рипна од Битола.
Со камиони, со автомобили, со незнам кави други чуда, дојдоа во таа станица да не бараат.
А одредот за тоа време се повлекол пак во планината и додека дојдат тие се сврши работата.
Е сега тој одред се префрли во Егејскиот дел на Македонија. Во моето село.
Добија таму обавестување оти јас сум во Големо ... Горно Клештина.
И абер праќаат и јас одма со трчаница, стасав таму.
И пак сега со одредот,
тргнуваме низ цела Егејска Македонија. Тогаш Грчката партија го мена својот став.
Дозволи да се прават акции, партизански акции на нејзина територија.
И после нас дојде и целиот одред „Даме Груев“.
Сега два одреди имаме.
И Леринската партиска организација формира свој одред. Три одреди.
Леринскиот одред, тие сакаа и го префрлија под команда на нашиот „Даме Груев“.
Дека ние сме имале искуство.
Сите тие три одреди поминавме неколку села во леринско.
Ми беше интересно во село Буф.
Незнам дали сте го чуле, тоа важеше за бугарофилско село.
Кога чуја оти сме мие партизани, се собраја сите селани.
Не мкнат по куќите да не гоштеваат.
Незнам. Една атмосфера неопислива. Чудесија.
Тоа преобразување било сигурно по погрешна претстава.
Луѓето не биле бугарофили, ама некој рекол оти се бугарофили.
И така, мојте емоции се задоволија.
Поминавме низ егејскиот дел, одреден период, така месец, два, вака трите одреди.
И конечно „Даме Груев“ реши да се врати на своја територија и да оди во охридско-струшкиот реон.
Зато шо треба да направи тамо поголема единица.
Тие беа од Битолскиот одред исто или беа од охридско? „Даме Груев“?
„Даме Груев“ беше Битолско-преспански одред.
И, тие отидоа натамо, ние останавме на овој дел, и така продолжи работата.
Сега да ве прашам дали и што мислите за дејствувањето на партизанското движење?
Нешто ми спомнавте за некој елементи кои ви се допаѓале, а нешто не ви се допаѓало. Дали има некој постапки,
нешто што не ви се допаднало и така ви останало во сеќавање?
Имаше постапки. Нешто се замешав таму, али не помогна.
Да речиме буграската полиција знае оти има одред тука, тука см, близу.
И не следи.
Не само шо не следи него и уфрли двајца луѓе во одредот да бидат.
Е сега, ние ги примивме нив, битолчани беа.
И еден ден, комесарот и уште еден партизан требаше да одат во градот, да свршат некоја работа.
Ги начекал полицаец некој и: „Ја дајте си ги личните карти.“
„Немаме, јас сум од Прилеп дојден на гости“, а беше празникот Богоројца. Голема Богоројца.
Тој вика: „А, така ли?“. кога го спомна името Прилеп, овој си рече сомничави.
И брзо, ќе ги носи во полициска станица.
Тие коа виделе така, се побуниле и му побегнале со трчање. Тој не пукал.
Дојдоа горе. Ние бевме во планината и околу селото таму, Лавци.
Најверојатно сте чуле тоа беше познато планинарско село. А имаше бугарска единица во селото внатре.
Ама селаните сите се со партизаните.
Најверојатно сте чуле тоа беше познато планинарско село. А имаше бугарска единица во селото внатре.
Ама селаните сите се со партизаните.
И сега ние, мораме да го мениме логорот кај шо беше одредот, затоа што овие Бугариве, тргнаа, ќе прават потера во планината.
И потерата стигна. Ние сме над село во шумата.
Блиску до селото. Ама, кај што лежев јас во планината, покрај тоа има еден поток.
Рекичка, не е рекичка, поток.
Главно, местото е водовично, кал.
И сега, полицаецот со пушкат, на готовс иди.
Ние сме таму цел одред. Цел одред беше 15-ет души.
Само требаше да напрај една чекора, да ја прескочи таа вадичката и ќе дојдеше кај нас и ќе настанеше гужва.
Не направи, да не се извалка. Се врати назад. Останавме здрави, читави.
Само требаше да напрај една чекора, да ја прескочи таа вадичката и ќе дојдеше кај нас и ќе настанеше гужва.
Не направи, да не се извалка. Се врати назад. Останавме здрави, читави.
Си ојдоа тие назад, се повлече потерата.
Али тоа замисли сега, да се крени војска да ја блокира цела планина и да прави претрес на планината.
Тоа беше една огромна сила. Кај ја најдоа таа сила?
И против таква сила, есна чета која имаше само неколку души.
И така јас си го завршив своето партизанствување,
со мислата дека нашето дејствување не беше продуктивно.
Тоа зедов да дискутирам на состанок на штабот. И кажувам оти вака и вака.
Нешто се презеде, во смисла дека ќе гледаме, ние мораме да ја зачуваме живата сила.
Ние не можиеме да се биеме со војска,
али можиме да ја рануваме војската и да ја тормозиме на овој начин.
Заклучокот беше дека сепак, партизанските одреди во битолско си ја вршат својата функција.
Вие го напуштивте партизанското движење тогаш, заради несогласувањево или се расформираше одредот ...?
Е сега, тоа е друга прикаска.
Се формира нов одред. Во тој реон на Бистрица.
Командант на одредот је Коле Канински.
Коле беше авторитет. Тој е син на попот Канински.
Заврши правни факултет во Белград и стана адвокат.
И сега је примен за член на месниот комитет.
И дојде ревизија на партиската организација во Битола. Од ЦК на Југославија.
Од 8 души на ... членови на Месниот комитет, меѓу кој е и Коле Канински,
на састанокот дојдоа само 4.
4 отсуствуваат, а присаствуваат на тој состанок на месниот комитет: Лазар Колишевски и Цветко Узуновски.
Знајте Цветко е преспанец, шпански борец.
И сега на дневен ред је формирање на Битолски партизански одред.
Тоа је 40 и друга година. Не, прва, пред, пред 11-ти октомври.
Тоа значи негдека во септември. Состанок.
Сега ми кажувате за настани коишто се пред вашето вклучување во партизаните.
Сакам да ве прашам јас повеќе кога го напуштивте партизанското движење 43-та или бевте понатаму во движењето само?
Јас бев политички комесар на чета, прва чета, а Васко Каранѓелевски командант на таа чета
во одредот „Гоце Делчев“.
На кој командант беше Коле Канински.
А Коле Канински, ти кажав дека првен на седницата на месниот комитет беше критикуван.
Месниот комитет критикува, заради Коле и заради другите членови,
оти не ја прифатија одлуката да се формира Битолски партизански одред.
- Во 1941-ва,така?
оти не ја прифатија одлуката да се формира Битолски партизански одред.
- Во 1941-ва,така?
Да, од тогаш и од порано.
И сега тој како командант го води овај одред.
Таму бев, реков, комесар на чета
и доаѓа во тој одред, твојот презимењак Талевски Благоја,
секретар на обласниот комитет на КПМ.
И тој сака да формира месни комитет на СКОЈ, месни комитет на партија
и така натаму, бидејќи Битолската организација е тотално замрена.
И: „Кој ќе го земам, кој ќе го земам?“, мене ме пиша ... да ме земи.
Тогаш почнав јас да се ребрам: „Не одам. Убо е тука“ и така натаму.
- Сакаше да ве земи за илегалец?
Меѓутоа, на крајот реков сега, да прам голема џева, нема смисла.
Партија дава директива, ќе одам и ојдов.
Муабетот ми беше да кажам за одредот.
Тој одред што го командуваше Коле,
се прослави по тоа што помина низ егејскиот дел на Македонија,
а разоружа конта чети во многу села во костурско
се прослави по тоа што помина низ егејскиот дел на Македонија,
а разоружа конта чети во многу села во костурско
и конечно се повлече пак на територијата на Битола.
Е сега, тука доби директива да оди пак на Кајмакчалан
за заедно со тиквешките партизани да формираат бригада.
Одредот тргна, ојде таму. Беше примен. Пречекан. И стана дел од Првата тиквешка бригада.
После тоа, добиваше некој задачи. Вртеше задачи.
И едно време пак ... се ... се
се оддели, мислам физички се оддели од бригадата. Не е, како се вика, правно.
Тој сеуште беше дел од бригадата.
се оддели, мислам физички се оддели од бригадата. Не е, како се вика, правно.
Тој сеуште беше дел од бригадата.
Во тие села околу Бистрица, дојде капитулацијата на Италија.
И решија, одредот реши,
да го земе оружјето што Италијаните го користеле кога биле таму.
А имаше стационирано во тој дел, преспанскиот
на ... селата, на неколку пунктови, единици на италијанската војска,
а горе по сртот на Баба беше границата меѓу Бугарија и Италија.
Италијаните со шатор држеа, им беше караула.
И сега, коа капитулира Италија, Германците решија да си го соберат оружјето од Италијаните.
А и нашите исто така решија то оружје да го земат и настана војна.
Дојде единицата германска со камион да го земи оружјето.
Настана една сериозна борба, пукаат тие, пукаат нашите. Имавме ние двајца погинати.
Тие имаа исто така двојца погинати,
али тие го зедоа оружјето и си ојдоа.
Нашите останаја без оружје.
Значи, тој одред пак се врати таму.
- Рековте дека сте имале некои несогласувања како се движела единицата,
како функционирала. Имавте некои последици заради тоа или не?
Не. Не, оти јас ги поставував прашањата начелно:
„Дали е исправно тоа што се прави така?“
Тактиката. После добив сатисфакција
во онај случајот Битола, кога ја казнија,
овај ЦК ја казни Битолската партиска организација,
со тоа што го смени месниот комитет, цел,
во кој беше и Коле Калински и Лилјана Человска и не знам кој таму
и остана името дека Битолската организација не ја бидува.
Јас со тоа не се сложив никако оти имав и свој труд вложено во таа организација.
Али тогаш не можеше да се дискутира.
А нешто критикуваш на некој орган партиски или нешто друго, тоа је недозволиво.
И тоа го сфатија како критика.
А нешто критикуваш на некој орган партиски или нешто друго, тоа је недозволиво.
И тоа го сфатија како критика.
Нешто почнаја да ме, како се вика, тушкаат, али ништо то.
Не направија големи мерки. Не ме казнија. Немав казни.
- Каде ве зачека ослободувањето, 44-та зборувам, на Македонија?
Е, 44-та ме фати на Пелистер. Сам сум.
Немам одред и не сум со одредот заедно.
Зошто? Затоа што се скарав со Иван. Реков: „Јас ќе си одам. Не седам тука поќе.“
Ме фати еден, еден, како се вика
како го викат стручно медицинарите, голем страв ме фати,
патолошки страв.
- За во градот? - Аха. - Така. Иван кој?
Иван му беше партизанското име на Благоја Талевски.
Тој е главен, бол и батина, таму на илегалците.
И, јас бев на Пелистер, значи,
затоа што сакаше да ме смири тој, да не ме пушти да си одам:
„Еве оди надвор, ако не можиш да дишиш во градот. Еве оди на село.“
И така ојдов на село.
„Еве оди надвор, ако не можиш да дишиш во градот. Еве оди на село.“
И така ојдов на село.
Бев на ... над село Ротино и таму ме фати соопштението оти војната заврши.
Дојде Иван од градот зедовме два коњи од таму.
Отидовме во велешко Врановци.
Селото Враноци, во Велес, беше центар во кој илегално се
Централниот комитет на партијата, на главниот штаб и така натаму. Значи нешто како метропола.
Мислам дека таму се штампаше и „Нова Македонија“.
Да. И таму првпат чув оти победа. И имаше:викање, пукање, радост и така натаму.
Не само на тие што беа под оружје, партизани, туку и на народот.
И на народот му се боктиса од војната и така ја дочекавме слободата.
Јас ви благодарам за ...
Немој да ми благодариш, јас ве изгњавив,
оти начинот на кој зборувам чувствував самиот оти е заспивен
Не можев да зборувам. Се обидов, видовте.
Некако сакав хумор да се направи, атмосфера, за внимание.
Колку успеав, не знам.
За мене бевте одличен. Јас ве слушав.
Добро, фала ви.